Слободна Држава Олденбург () — сојузна држава на Вајмарската Република. Основана е во 1918 г. по абдикацијата на големиот војвода Фридрих Август II по Ноемвриската револуција.
Во 1937 г. државата ги изгубила ексклавните окрузи Ојтин кај балтичкото приморје и Биркенфелд во југозападна Германија, отстапувајќи ѝ ги на Прусија а за возврат го добила градот Вилхелмсхафен; сепак, ова било само формалност, бидејќи сојузните држави биле де факто укинати од националсоцијалистите уште во 1934 г..
На почетокот на Втората светска војна во 1939 г. како последица од територијалните промени Олденбург зафаќал површина од и броел 580.000 жители.
По Втората светска војна, Олденбург е споен со новосоздадената покраина Долна Саксонија како управен округ, и обете во 1949 г. станале дел од Западна Германија. Двете енклави влегле во покраините Шлезвиг-Холштајн односно Рајнската област-Пфалц.
Поврзано Војводство Олденбург Големо Војводство Олденбург
Наводи
Категорија:Држави на Вајмарската Република Олденбург Категорија:Поранешни држави и територии во Шлезвиг-Холштајн