Коле Трајчев Стефановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Израснал во крајно бедно земјоделско и аргатско семејство. Во селото немало училиште, иако Кратово е во непосредна близина, немал можност да се школува, па останал неписмен. Немале доволно земја и стока па бил принуден да работи како општ работник и да аргатува по градските лозја за евтина дневница и тоа не наоѓајќи секогаш работа. На 8 септември 1944 година, тој стапил во редовите на НОВ, најпрво во составот на Месната команда во Кратово, а подоцна и во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе борби за ослободување на Македонија и останатите југословенски територии. Загинал во борбите со остатоците од балистичките банди крај Гнилане, на 30 декември 1944 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Железница (село) Категорија:Учесници во НОБ