Дијана и Актеон — ренесансна слика во маслена техника, насликана од Тицијан околу 1556 - 1559 година. Таа е една од неговите најдобри слики од серијата од осум митолошки слики (т.н. поеми) што Тицијан ги насликал за Филип II Шпански.

Сликата ја прикажува судбоносна средба помеѓу ловецот Актеон и божицата Дијана (Артемида). Според КалимахKalimah: Peta himna, Артемида се капела во шумата, а Актеон налетал на неа додека ловел и ја видел гола. Застанал и зјапал, маѓепсан од нејзината убавина. Кога го видела Артемида, го казнила со одземање на неговиот говор - ако се обидел да зборува, ќе се претворел во елен. Кога ги слушнал своите другари од ловот, почнал да запомага и веднаш се преобразил во елен, а неговите кучиња му нафрлиле и го распарчилеOvidije, Metamorfoze 3, str. 135.-250. prijevod Herberta Hungera: Lexikon der griechischen und römischen Mythologie („Rječnik grčke i rimske mitologije”), Rowohlt, Reinbek b., Hamburg, 1974. .

Циклусот од осум слики-поеми Тицијан го насликал за време на својот престој на шпанскиот двор во Мадрид од 1553 до 1562 година. Првата слика била Данаја, потоа следеле Венера и Адонис, Дијана и Калисто, Јасон и Медеја, Персеј и Андромеда, Дијана и Актеон, Смртта на Актеон и конечно Грабнувањето на Европа. Сликите значително се разликуваат по големина и композиција, но заедничка врска им е Метаморфози на Овидиј, додека „Јасон и Медеја“, и „Персеј и Андромеда“ се поврзани со олимписките богови.

Историја Сликите биле во кралската колекција во Мадрид до 1704 година, кога кралот Филип V му ги подарил на францускиот амбасадор, Луј-Филип Орлеански (1747-1793). Во 1791 година, две години пред својата смрт на гилотина, војводата му ја продал својата колекција на трговец со уметнички дела во Брисел. По изложбата во Лондон, оваа слика (заедно со сликата од истата серија, Дијана и Калисто) ги купил британскиот градежен на канали и рударски магнат, Френсис Егертон, третиот војвода од Бриџвотер, еден од најбогатите луѓе во АнглијаIan Jack, The industrial revolution brought Titians and Renoirs to Scotland, The Guardian, London Pristupljeno 12. listopada 2016.. Егертон починал без деца и дел од неговиот имот, вклучително и збирката Бриџвотер, го наследил неговиот внук, Џорџ Гавер. Импресивната колекција од околу 70 слики ја изложил во неговиот дом во Лондон, во куќата Бриџвотер во Вестминстер, а од 1803 година во летните месеци била отворена за избрани посетители. На почетокот на Втората светска војна, во 1939 година, збирката била преместена во Шкотска заради заштита. Од 1945 до 2009 година, сликите биле изложени како позајмени во Националната галерија на Шкотска во Единбург .

Во 2000 година, збирката ја наследил потомок на Френсис Егертон, Френсис Егертон, седми војвода од Сатерленд (роден 1940 година). Во 2009 година, тој ги понудил двете слики од Тицијан на различни музеи во Велика Британија за 100 милиони фунти.

Сликата со заеднички средства ја купиле Националната галерија во Лондон и Националната галерија на Шкотска за 50 милиони фунти (со што влегле во списокот на најскапи слики), со договор дека ќе се изложува наизменично во овие два музеи во петгодишен циклусHans Pietsch, Diana und Aktaion Ankauf , Art 2., 2. veljače 2009. Pristupljeno 12. listopada 2016.. Во 2012 година, овие два музеи успеале да ја купат и втората Тицијанова слика, Дијана и Калисто, за 45 милиони фунтиLynn Chadwick, Titian masterpiece Diana and Callisto saved for the nation, BBC News and Entertainment, 2. ožujka 2012. Pristupljeno 12. listopada 2016..

Наводи

Категорија:Уметнички слики од 1550-тите Категорија:Слики од Тицијан Категорија:Слики во Националната галерија во Лондон