мини|Женски минтан Минтан — старински капут, вид горна облека со долги тесни ракави. Тоа е првенствено поврзано со културата на облека на православното население на Балканот. Минтанот го носеле и мажи и жени, а го има и во детската облека.
Начинот на облекување на минтанот Мажите носеле кошули направени од памучно платно од домашно производство, а преку кошулата носеле минтан што бил закопчуван до грлото. Часовникот честопати бил дел од носијата и некои мажи го ставале во внатрешниот џеб на минтанот, така што можел да се види само синџирот на часовникот. Исто така, кесето со златници и сребреници се носел во внатрешниот џеб на минтанот, додека поситните пари се носеле во појасот.
Жените носеле минтан преку кошулите, обично направени од свилена ткаенина. Имало и кратки тесни минтани со широки ракави. Детските минтани биле претежно изработени од шарена ткаенина, се закопчувале до грлото, тесни ракави кои исто така беа закопчени.
Поврзано Фолклор Носија од Прилепско-Битолско Поле Носии од Мала и Долна Река Носии од Полог Носии од Скопска Котлина
Наводи
Литература В. Татомир, Врање, Раднички Универзитет у Врању, Врање, 1978.
Категорија:Облека Категорија:Македонски народни носии Категорија:Српски народни носии Категорија:Турцизми