УС Салернитана 1919, познат и само како Салернитана — италијански фудбалски клуб од Салерно, Кампанија.

Клубот е основан на 19 јуни 1919 година од конзорциум предводен од Матео Скијавоне,.. но во текот на својата историја, клубот трипати бил реоснован: во 1927. при што по воспоставувањето на новото партнерство клубот го добил сегашниот идентитет со дресови во гранатна боја, во 2005. и 2011 година од финансиски причини. Сегашниот клуб, всушност, бил основан како Салерно Калчо во 2011 година, но продолжил со обележјата на Салернитана почнувајќи од 2012 година. На 19 јуни 2019 година, клубот прославил точно 100 години од својата фудбалска историја.

Салернитана се вратила во Серија А во 2021 година, по пауза од 23 сезони, откако завршиле на второто место во Серија Б со што добиле директна промоција. Претходно, клубот бил член на најсилната италијанска фудбалска лига само уште во два наврати во сезоната 1947-1948 и сезоната 1998-1999, но и во двата случаи испаднале од лигата уште во првата сезона по промоцијата.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Ареки, кој има капацитет од 26,000 седечки места.

Играчи Моментален состав

Познати поранешни играчи Роберто Бреда Ерјон Богдани Џенаро Гатузо Марко Ди Вајо Франческо Ди Јорио Давид Ди Микеле Булент Екен Марко Зоро Валтер Ѕенга Андреј Кристеа Фил Масинга Роберто Мерино Руслан Нигматулин Сијабонга Номвете Ригоберт Сонг Дани Тиато Салваторе Фрези

Статистика Учество во првенства Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Дивизионе Национале 1Во мешаното првенство наречено "Дивизионе Национале", учествувале клубови од Серија А и Б, а Салернитана играла како клуб од Серија Б. 1945-1946 4Серија А 3 1947-1948 2021-2022 2º Серија Б 30 1938-1939 2020-202130 3º Секонда Дивизионе 1 1927-1928 57 Прима Дивизионе 7 1928-1929 1934-1935Серија Ц 28 1935-1936 1977-1978 Серија Ц1 18 1978-1979 2007-2008 Лега Про Прима Дивизионе 2 2010-2011 2013-2014 Лега Про 1 2014-20154º Лега Про Секонда Дивизионе 1 2012-2013 15º Серија Д 1 2011-2012 1

Наводи

Надворешни врски Матична страна

Салернитана