Општина Одранци () — општина во североисточна Словенија. Седиште на општината и единствено населено место е паланката Одранци. Областа е дел од историскиот регион Прекмурје. Денес е дел од Помурскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 1.633 жители.

Општината е формирана во 1994 г. кога е одделена од Општина Лендава.

Знаме Знамето и грбот на општината беа усвоени од општинските власти и објавени во Службениот весник на Република Словенија во 1998 година. Знамето е правоаголно, со сооднос 1:2, вертикално поделено на три еднакви зелени, жолти и црвени ленти, со грбот поставен во средната лента.Uradni list Republike Slovenije, 77/1998

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Одранци на Geopedia

Одранци Одранци Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година