мини|Тамагозаке Тамагозаке (卵酒 or 玉子酒) ― коктел што содржи загреано саке, шеќер и живо јајце. Се преведува како „јајцево саке“, бидејќи е склопено од зборовите 卵 тамаго (јајце) и 酒 саке.

Употреба како лек за настинка Тамагозаке е традиционален домашен лек за обичната настинка во Јапонија, но не постои медицински доказ за неговата ефикасност.

И покрај тоа што е алкохолен пијалак, понекогаш се дава како лек за настинка на деца, како и на возрасни, исто како што загреаниот ликер се користи во западните земји.

Рецепт Како и повеќето домашни лекови, постојат неколку варијантни рецепти за тамагозаке, но основните својства се исти. Состојки:

1 јајце 1 лажица (15 мл) мед 200 мл саке

Поврзано

Амазаке – јапонски пијалак направен од ферментиран ориз Пилешка супа – супа направено со пилешко Егног – Заблажен пијалак заснован на млеко Саке бомба – коктел направен со истурање саке во пиво

Наводи

Категорија:Народна медицина Категорија:Лекување Категорија:Јапонска кујна Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Култура на пиење