мини|Жолта птица Жолта птица ― коктел од Карибите.Yellow Bird The Palm Beach Post - 25 јуни 1972
Историја Потеклото на името на жолтата птица е нејасно. Некои извори споменуваат дека коктелот го добил името по хаитската мелодија „Жолта птица“, која за првпат била препишана на англиски јазик во 1957 година која станала своевидна државна химна на Карибите поради популарноста на снимката на Хари Белафонте. Хавајскиот пејач Артур Лиман, еден од влијателите на егзотичната музика на тики културата, објавил верзија на песната која се искачила на четвртото место во јули 1961 година на списоците на Билборд и била емитувана неделно во Шел Бар во одморалиштето „The Hawaii Village“, што е можно родното место на коктелот.
Други тврдат дека таа не била именувана по песната и го добила името од сончевата боја што произлегува од ликерот галијано, златен, сладок ванилно-анисен италијански ликер или од комбинација на бои од жолти и портокалови плодови, придружени со златен рум. Меѓународното здружение на бармени не ја вклучува оваа последна состојка.
Наводи
Надворешни врски
Видео на YouTube со слика на коктел и музика на челични тапани
Категорија:Коктели