Колубарски Управен Округ — округ кој протега во средишниот дел на западна Србија. Вклучува еден град и пет општини:
Град Ваљево градска населба Ваљево Општина Осечина, градска населба Осечина Општина Уб, градска населба Уб Општина Лајковац, градска населба Лајковац Општина Мионица, градска населба Мионица Општина Љиг, градска населба Љиг
Има вкупно население од 174.228 жители (попис 2011 година).
Седиштето на округот е градот Ваљево, кој се наоѓа на реката Колубара.
Некои од културно-историските знаменитости и споменици на културата на оваа област се:
Бранковина Муселимовиот конак како типичен пример за турската архитектура, изграден во 18 век, Кулата на Ненадовиќи, изградена во 1813 година. подигната од војводата Јаков, Соборна црква, од 1838 година и е редок пример за монументална класицистичка зграда во Србија. Манастирот во Докмир, кој датира од 14 век, Манастирите Лелиќ и Ќелије во селото Лелиќ, родното место на владиката Николај Велимировиќ
Познати туристички места во областа се планината Дивџибаре и Бањата Врујци .
Етнички групи Националност Население (попис 2011 година) Срби 166.325 Роми 4.045 Црногорци 215 Југословени 161 Македонци 133 Хрвати 120 Други 3.514 Вкупно 174.513
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Управни окрузи во Србија