Борис Билбилов Дамјаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис По занимање бил земјоделец. Преку активноста покажана во првите ослободителни одбори во селото, станал член на КПМ. Во септември 1943 година, тој се приклучил во единиците на НОВ на Македонија во Групата баталјони, а со основањето на Првата македонско-косовска бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата, тој заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. По борбата кај Богомила, бил фатен од бугарските војници кај селото Никодин и по долги малтретирања бил стрелан кај Плетвар-Прилепско во февруари 1944 година.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ