лево|мини|Светлинската крива на V5856 Стрелец исцртана од податоците на АЗНПЅ. V5856 Стрелец (Sagittarii), исто така позната како Нов стрелец (Nova Sagittarii) 2016 број 4, ― поранешна 4-та и најсветла нова што се случила во соѕвездието Стрелец во текот на 2016 година. Откриена била од Сенебесното автоматско истражување за супернови (што му го доделило името ASASSN-16ma) на 25.02 октомври 2016 година, во тоа време имала привидна ѕвездена величина од 13,7. Била независно откриен од Јукио Сакурај од Мито, Ибараки, Јапонија на 26.38 октомври 2016 година, и тогаш достигнала јачина од 10.4 степени. Ја достигнала својата максимална осветленост од 5,4 степени, со што станала видлива со голо око, на 8 ноември 2016 година. Новата се случила во рамките на регионот на небото следен од страна на оптичкиот гравитациски микролеќен опит (OGLE), и таа група објавила дека нема ѕвезда посветла од 22 степени (I група) била видена кај положбата на новата пред својот избув.

V5856 Стрелец брзо опаднала од максималната осветленост, избледувајќи за 2 степени за 11,3 дена и 3 степени за 14,5 дена. Затоа е класифицирана како „брза“ нова во шемата за класификација на Сесилија Пејн-Гапошкин. Новата покажала два врвови: врв „огнена топка“ што одговара на слободно проширливиот материјал исфрлен од избувот и, скоро една недела подоцна, вториот посјаен врв се совпадна навреме со откривањето на γ-зраците од новата преку Ферми-ЛАТ. Врвот на огнената топка се случила во различни времиња во зависност од брановата должина на светлината што се набљудува, но вториот врв се случил во исто време за сите бранови должини. мини|Местоположбата на V5856 Стрелец (заокружена со црвено). Сите нови се бинарни ѕвезди, со „дарителска“ ѕвезда која кружи околу белото џуџе. Двете ѕвезди се толку блиску една до друга што материјата се пренесува од дарителот на белото џуџе. Во случајот со V5856 Стрелец, отсуството на откривање на потомок во сликите на OGLE предложува дека дарителоот е џуџеста ѕвезда.

Наводи

Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Астрономски тела откриени во 2016 година Категорија:Стрелец (соѕвездие) Категорија:Нови