лево|мини|Светлинската крива на V1369 Кентаур изведена од податоците на АЗНПЅ. V1369 Кентаур (Centauri), позната и како Нов Кентаур (Nova Centauri) 2013, ― поранешна светла нова во соѕвездието Кентаур, што се случила во 2013 година. Откриена била на 2 декември 2013 година од аматерскиот астроном Џон Сич во Австралија со јачина од 5,5 степени. На 14 декември 2013 година го достигнала својот врв со јачина од околу 3,3 степени, што ја прави најсветлата нова досега на овој милениум.IAU Circ., 9266, 2 (2013).

Нов Кентаур 2013 била забележана како емитува гама-зраци помеѓу 7-10 декември 2013 година од вселенскиот телескоп со гама-зраци „Ферми“.Astronomer's Telegram #5649 Новата продолжила да се осветлува во гама-зраци и врвот се совпаднал со вториот оптички максимум на 11 декември 2013 година.Astronomer's Telegram #5653

Свифтовата гамозрачна испуштачка мисија открила емитување на X-зраци од Нов Кентаур на 18 и 25 февруари 2014 година и 8 март 2014 година.Astronomer's Telegram #5966 мини|Местоположбата на V1369 Кентаур (заокружена со црвено). Во јули 2015 година било објавено дека литиум бил откриен во материјал исфрлен од Нов Кентаур 2013 година. Ова е првпат литиум да биде откриен во систем на нова. Откриената количина била помала од милијардитиот дел од масата на Сонцето. Ова откритие е значајно затоа што поддржува теорија дека дополнителниот литиум што се наоѓа во ѕвездите на населението I (во споредба со ѕвездите од населението II) доаѓа од нови.

Поврзано

Список на нови во галаксијата Млечен Пат

Наводи

Главно биро за астрономски телеграми - Извештаи за следење на минливи објекти - PNV J13544700-5909080

Надворешни врски

Нова со гола око во Кентаур Генератор на светлинска крива: Податоци АЗНПЅ за Nova CEN 2013 Меѓународен индекс на променлива ѕвезда

Категорија:Астрономски тела откриени во 2013 година Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Кентаур (соѕвездие) Категорија:Нови