мини|десно|300п|Опфат на Источноевропската Низина
Источноевропска Низина (во Русија наречена Руска Низина; историски назив Сарматска Низина) — пространа рамница источно од Средноевропската Низина, која опфаќа неколку висорамнини кои се протегаат околу 25 степени географска должина на исток. Го вклучува најзападниот дел на Волинско-подолското Возвишение, Средноруското Возвишение, а на источната граница и Приволшкото Возвишение. Тука се сместени неколку големи речни сливови како они на Днепар, рамницата Ока-Дон и сливот на Волга. Долж најјужната точка на Источноевропската Низина се наоѓаат венците Кавказ и Кримски Планини. Овие рамни простори ја сочинуваат Големата Европска Низина заедно со Средноевропската (Северноевропска) Низина (северозападна Франција, Холандија, Германија до североисточна Полска).
Самата Источноевропска Низина, покрај Европска Русија, се протега во балтичките земји (Естонија, Латвија и Литванија), Молдавија, Белорусија, Украина, југоисточна Романија. Во најширока смисла, најјужниот дел е Дунавската Рамница во северна Бугарија, (вклучувајќи ги Лудогорието и Јужна Добруџа).
Низината зафаќа околу и има просечна надморска височина од 170 м in elevation. Нејзина највисока точка е на Валдајското Возвишение (346,9 м.н.в.)
Граници запад: Балтичко Море, Одра и Лужичка Ниса, Судетска област, Карпатите (Надворешни Западни Карпати, Надворешни Источни Карпати, Јужни Карпати, Српски Карпати). југ: Стара Планина, Црно Море, Кримски Планини, Кавказ, Касписко Море, Азовско Море, висорамнината Устјурт. исток: Урал и Туранската Низина. север: Бело Море (Русија), Баренцово Море, Карско Море, Скандинавски Планини.
Регионална поделба Белорусија Белоруски Срт Полесје (Белорусија, Украина) Бугарија Дунавска Рамница (јужен дел на Долнодунавската Низина) Естонија Казахстан (европски дел) Латвија Литванија Полска Розточе Мазовска Низина Романија / Молдавија Молдавско Возвишение (Молдавија, Романија, Украина) Влашка Низина (северен дел на Долнодунавската Низина) Русија (европски дел) Тимански Срт Северни Ували Мариска Низина Валдајско Возишение Смоленско–московско Возвишение (Русија, Белорусија) Средноруско Возвишение (Русија, Украина) Очко-донска Рамница Приволшко Возвишение Обшчи Сирт Прикасписка Низина Украина Надијанска Котлина Волинско-подолско Возвишение Подолско Возвишение Полеска Низина Приднепарско Возвишение Киевски Планини Средноруско Возвишение Прицрноморска Низина Приазовско Возвишение / Донечки Срт
Други поважни земјишни облици
Ова се други поважни земјишни облици во рамките на Источноевропската Низина (наведени од север кон југ). Северноруска Низина Блатичко Возвишение Белоруски Срт Кумско–маничка Депресија Бугулманско-белебеевско Возвишение Вјатски Ували
Најголеми реки Волга Дунав Урал Висла Днепар Дон Печора Кама Ока Белаја Даугава (Западна Двина) Неман Прегоља
Поврзано Западносибирска Низина — другата голема низина во Русија Средноевропска Низина
Наводи
Надворешни врски
East European Plain — Голема советска енциклопедија Источноевропска Низина — Украинска советска енциклопедија
Категорија:Рамници во Европа Категорија:Низини Категорија:Источна Европа