Основен суд Гостивар — суд со основна надлежност сместен во градот Гостивар и го опфаќа подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Гостивар, а до 2020 година бил надлежен и за судовите во Кичево и Дебар.
Судот во Гостивар ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Гостивар одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.
Историја
Основниот суд во Гостивар, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.
Согласно 2020 година, претседател на судот е судијата Ељеса Алији. Останати судии биле Бетим Илази, Ваиде Арслани, Весна Попоска, Виолета Нофитоска, Даут Рустеми, Драгослава Веселинова, Емине Мурати, Иљаз Исмаили, Јагода Богданоска, Јетмир Хамзаи, Ќирко Михајлоски, Магдалена Мишоска, Мерита Алиу, Мирослав Петроски, Павле Рафајлоски, Реџеп Асани, Теодора Евтимовска Бојковска, Феми Арслани.
Внатрешна организација
Работата на Основниот суд во Гостивар е поделен на два судски оддели Кривичен и Граѓански оддел.
Поврзано Основни судови со основна надлежност во Македонија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Судови во Македонија Категорија:Згради и градби во Гостивар