мини|300п|десно|Влезот во основниот суд

Основен суд Кичево — суд со основна надлежност сместен во градот Кичево и го опфаќа подрачјето на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод, со судско одделение во градот Македонски Брод. Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во Кичево и Дебар, што ја стекнал во 2020 година. Дотогаш, судското подрачје на судовите во Кичево и Дебар припаѓал на судот во Гостивар.

Судот во Кичево ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Кичево одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

Основниот суд во Кичево, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Внатрешна организација

Основниот суд во Кичево е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Поврзано Основни судови со основна надлежност во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Судови во Македонија Категорија:Згради и градби во Кичево