Мито Трпков Јовески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Споменик од НОБ во Јагол, на кој е испишано името на Мито Јовески и неговите соборци од селото.
Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство. Уште како млад бил принуден да оди на печалба во Белград и да работи како пекарски работник. Работел сè до окупацијата, а потоа се вратил во своето село каде продолжил со активна работа против фашистичкиот окупатор. Бидејќи бил мобилизиран од окупаторските албанско-италијански власти во пролетта 1943 година, се обидел да фати врска со партизаните, но не успеал и во текот на летото избегал од окупаторските редови и се приклучил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции низ Кичевско. Учествувал и во првото ослободување на Кичево и како храбар борец заминал на планината Буковиќ, во четата на комесарот Мирко Милески како претстража на слободната територија и загинал во борбите против Германците и балистите, на 1 октомври 1943 година со својот другар Душан Јовески.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ Душан Јовески Мирко Милески
Наводи
Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ