Долина на кактусите — месност над селото Клисура, во југоисточниот дел на Македонија, каде се наоѓаат бројни кактуси засадени од семето, кое го донеле птиците-преселници.

Месноста плени со шаренилото на кактусите, кои расцутуваат летно време со жолти цветови. Цутењето трае долго и може да се повторува повеќе пати во текот на годината.

Местоположба

Месноста се наоѓа над демиркапиското село Клисура.

Пристап

До месноста може да се дојде преку асфалтниот пат до самото село Клисура. По пристигнувањето во селото, при погледот на главната селска чешма, треба да се сврти десно кон главната селска црква „Св. Никола“. Ридот над црквата е всушност месноста „Долина на кактусите“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Клисура (Демиркаписко) Категорија:Туризам во Македонија