Германска заедница во Белгија (, DG; ; ) или Источна Белгија (; ; ) — една од трите сојузни заедници на Белгија. Зафаќа површина од 854 км2 во рамки на покраината Лиеж () во Валонија, опфаќајќи девет од единаесетте општини на Ојпен-Малмеди. Традиционално се користат повеќе различни дијалекти, меѓу кои мозелфранконски. Населението во заедницата изнесува околу 78.000 жители, околу 7% од покраината Лиеж и околу 0,7% од вкупното население на Белгија.

Заедницата се граничи со Холандија, Германија и Луксембург и поседува свое собрание и влада во Ојпен. Германската заедница во Белгија е составено од германските говорни подрачја на територијата која била припоена од Германија во 1920 година. Дополнително, во денешна Белгија има и други области каде германскиот се говори (разликата помеѓу германскиот, холандскиот, луксембуршкиот и лимбуршкиот е многу мала) кои припаѓале на Белгија и пред 1920 година, но моментално службено не се дел од германската заедница во Белгија: Блајберг-Велкенрат-Бален во североисточниот дел на покраината Лиеж и Арелерланд (градот Арлон и некои од неговите околни села во југоисточната покраина Луксембург). Меѓутоа, во овие области, германскиот јазик е во опаѓање поради растот на францускиот.Society for Threatened Peoples: gfbv.it

Поврзано

Германска дијаспора Заедници во Белгија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Страница на владата Страница на собранието

Категорија:Заедници на Белгија Категорија:Белгиско општество Категорија:Народи во Белгија Категорија:Лиеж (покраина) Категорија:Области во Валонија Категорија:Земји од германското говорно подрачје Категорија:Држави и територии настанати во 1984 година