мини|Ненад Ненадовиќ 2015 година Ненад Ненадовиќ (српски: Ненад Ненадовић; 20 октомври 1964, Белград — 22 септември 2021, Белград) — српски глумец.
Животопис Ненад Ненадовиќ е роден во Белград на 20 октомври 1964 година. Според неговото признание, како единствено дете во семејството, тој бил многу немирен, на границата на пристојноста. Кон средината на септември 2021 година бил примен во болница поради компликациите предизвикани од КОВИД-19, а починал на 22 септември 2021 година. Тој бил оженет со Снежана, со која ги имал ќерките Јана и Мина.РТС, Преминуо глумац Ненад Ненадовић (пристапено на 23.9.2021)
Кариера Ненадовиќ почнал да глуми уште како дете, кога играл во телевизиската серија „Вага за точно мерење“. Исто така, во детството глумел и во серијата „Враќањето на отпишаните“ и во филмот „Бошко Буха“. Дипломирал на драмската академија во Белград, во класата на Миња Дедиќ, а потоа станал постојан член на ансамблот при театарот „Бошко Буха“ во Белград каде работел до крајот на животот. Во својата театарска дејност, забележал неколку рекорди во поглед на бројот на одиграните претстави. Исто така, тој го водел училиштето за глумци. Тој бил добитник на повеќе награди од кои се издвојуваат трите награди на театарот „Бошко Буха“ за претставите „Тројцата мускетари“ и „Принцот — аркадна авантура“. Исто така, глумел и во повеќе телевизиски серии, а особено биле забележливи неговите улоги во сериите „Приказни од мајсторската работилница“ и „Белата лаѓа“. Покрај тоја, тој учествувал во сериите: „Зоотека“, Пет-шоу“ и „Фори и фазони“.
Наводи
Категорија:Српски глумци Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)