Кога ќе се мажиш? () — масло на платно од 1892 година, дело на францускиот постимпресионистички уметник Пол Гоген.

Историја Гоген првпат го посетил Тахити во 1891 година. Тој се надевал дека таму ќе најде „митски рај во кој може да создаде чиста, „примитивна“ уметност, наместо лажни, „примитивистички (идеализирани) дела создадени од сликари во Франција. По пристигнувањето, открил дека Тахити не е она што тој го замислувал: бил колонизиран во 18 век, а најмалку две третини од домородното население на островот починале од болести предизвикани од Европејците. „Примитивната“ култура била уништена. И покрај тоа, тој насликал многу слики на домородни жени: голи, облечени во народна носија на домородците на Тахити и облечени во фустани во европски стил, како и последната фигура на сликата „Кога ќе се мажиш?

Продажба Во приватна сопственост на семејството на швајцарскиот колекционер Рудолф Штехелин (, 1881-1946 година), оваа слика е позајмена на музејот во Базел ), во Швајцарија, каде што била изложена речиси половина век. Во февруари 2015 година, сликата и била продадена на сестрата на владејачкиот емир на Катар за близу 210 милиони американски долари (155 милиони фунти), една од највисоките цени некогаш платени за уметничко дело.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1892 година