Слива (, , Slliva) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Егејска Македонија во Грција. Практично претставува срт на Сува Гора.
Опис Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината е во Националниот парк „Преспа“ и е вклучен во мрежата на зашитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница, т.е. граничните пирамиди бр. 10 - 19. Највисок врв е Слива со 1.414 м (гран. пир. бр. 12), кој се наоѓа на албанска територија. На север превојот Урида до дели од сртот Калуѓер. Планината се протега во насока север-југ. На запад на албанска територија се селата Церје, Ракицко и Шуец, а на исток на грчка територија се остатоците на селото Орово, денешното село Граждано и остатоците од Трново.
Сочинета е од варовнички карпи.
Врвови Врвовите на планината, дадени по висински редослед, се следниве: Име Албански/Грчки Височина(м) Местоположба Земја Слива Sllivë, Βροατσέρια, Βροαστέρια 1.414 гранична пирамида бр. 12 , Голина Golinë, Γκολίνα, Γκολίνες 1.402 гранична пирамида бр. 14 , Мизес Mizes Madhe, Μίζες 1.356 гранична пирамида бр. 19 , Гапан Gogozit, Γκογκόζιτ, Γάπαν 1.326 гранична пирамида бр. 18 , Анторахи Ανθορράχη 1.311 гранична пирамида бр. 17 , Елафи Ελάφι 1.280 Урида Ουρίντα 1.155 гранична пирамида бр. 10 ,
Поврзано Сува Гора Долна Преспа Деволско
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Албанија Категорија:Преспа (општина) Категорија:Девол Категорија:Албанско-грчка граница