Питарова Река (, Ватилакос) — река во Костурско, Егејска Македонија.
Реката тече низ областа Костенарија во денешната Рупишта. Извира од планината Одре источно од Нестиме и западно од Братмир, и тече на север-североисток во длабока клисура со стрмни страни. Во атарот на Шкрапари клисурата се проширува, падините ѝ стануваат поблаги и дното постепено се спушта. Кај Шкрапари реката прави речиси обратен завој и почнува да тече на југ-југоисток, одново влегувајќи во клисура од која излегува кај Бела Црква. По неколку завоја кај Песјак реката навлегува во долината на Бистрица, во која се влева како нејзина десна притока спроти некогашното село Лагор под името Рекушка (Рекуска).
Речните брегови се обраснати со костенови, а потоа со дабови и лескови шуми.
Поврзано Костенарија
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Рупишта Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)