Гребенска Река (, Γρεβενιώτικο, Γρεβενίτης; Гревениотикос, Гревениотико, Гревенитис) — река во Гребенско, Егејска Македонија и една од најголемите притоки на Бистрица. Тече низ градот Гребен, по кој е наречена.
Опис Реката извира западно од градот Гребен, недалеку од селото Вравоништа на планината Пинд. Тече од запад кон исток, минувајќи меѓу селата Вилија и Хисар, каде се наоѓа камениот Хисарски мост. Потоа прави живописни свијоци околу ридовите, па навлегува во Гребен. На југ од градот ја прима Доксанитис, која е неговата најголема притока и доаѓа од запад-југозапад и подрачјето на Мавран и Бура. По овој спој, Гребенска Река продолжува на исток и по 9 км се влева во Бистрица западно од Гостун. Вкупната должина на Гребенска Река изнесува 25 км, а таа на Доксанитис е 11 км.
Во горното течение, на грчки реката се нарекува Мегало Рема, Потамија и Валтос.
Поврзано Пинд Хисарски мост
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Гребен (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)