Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Милетково, Македонија.

Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на основното училиште.

Историја

мини|300п|лево|Историска фотографија на црквата од 1931 година

Црквата била стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена и изгорела за време на Првата светска војна. Откако завршила војната црквата била обновена, но во 1931 година била повторно разурната од катастрофален земјотрес. Во 1932 година вторпат била обновена.

Архитектура

Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривот на црквата е на две води. Храмот бил изграден од обичен камен. На јужната и на западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот влез е од западната страна.

Фрескоживопис

Црквата не поседува фрескоживопис.

Иконостас

Црквата поседува иконостас со икони од поново време. Некои од нив потекнуваат во 1932 година, кога всушност по вторпат се обновила црквата.

Галерија

Поврзано Гевгелиско архијерејско намесништво Миравска парохија Милетково

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Милетково Милетково