Јонче Ангелев Стефаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Споменик од НОБ за борците и активистите од Карбуница, меѓу кои е ѝ Јонче Стефаноски.
Животопис По занимање бил земјоделец. Уште во крајот на 1941 година и почетокот на 1942 година, тој бил активен во народно ослободителното движење и член на Народноослободителниот одбор во селото. Во текот на 1942 година, тој учествувал во дејството против спахилакот во селото, а како активен член на КПМ станал член на Реонскиот комитет. Неговата активност се состоела во организирање и испраќање борци во Одредот. Одржувал врска со позадинците во градот и вршел други партиски задачи. Во ноември 1943 година, кога балистите го заробиле целиот Реонски комитет, фатен бил и Јонче и на 20 ноември, тој бил стрелан по долги малтертирања и испитувања заедно со другите членови на Комитетот.
Поврзано
Масакр во Карбуница Диме Стефаноски Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ