Никола Ефтов Трајаноски ( во — се води како исчезнат во Белград, Србија) — македонски активист, учесник во народно-ослободителното движење.

Животопис Потекнувал од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште го изучувал абаџискиот занает. Во стара Југославија бил на печалба во Белград и работел како работник. Како напреден младинец се вклучил во демонстрациите што ги организирала КПЈ и по окупацијата на Југославија се вратил во Кичево. По кус престој во Кичево, повторно се вратил во Белград, каде бил осомничен за активност во СКОЈ, по што бил фатен и однесен во логорот на Бањица. За понатамошната негова дејност ѝ погибија ништо не е познато.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ