Коњски шампињон (лат. Agaricus arvensis), е печурка од родот Agaricus.
Таксономија Бил опишан како Agaricus arvensis од Џејкоб Кристијан Шефер во 1762 година, и одтогаш му биле дадени бројни биномни описи.
Опис мини|Коњски шампињон на кој се гледа таканаречениот „запченик“ на примерокот од левата страна Шапката е од 7–20 cm во пречник, белузлава, мазна и сува; се обојува жолто, особено кога е млада. Жабрите на почетокот се бледо розови до бели, а подоцна добиваат сива и кафена боја за да станат темно чоколадни. Има голем распространет прстен, бел одозгоре, но понекогаш со жолтеникави лушпи одоздола. Гледано одоздола, на примерок со затворена шапка, прстенот со два слоја има добро развиена шема на „запченик“ околу дршката. Ова е долниот дел од двојниот прстен. Дршката е 5–12 cm (2,0-4,7 во) долга и 1–3cm широка. Спорите му се кафени и мазни. Мирисот е опишан како мирис на анасон.Miller, Orson. Mushrooms of North America. New York: E.P. Dutton, 1984. Припаѓа на групата Agaricus кои имаат тенденција да се обојуваат жолто и да помодруваат.
Слични видови Кога е млада, оваа габа често се меша со видовите на смртоносниот род Мувоморка.
Agaricus osecanus е редок шампињон и не мириса на анасон. Agaricus xanthodermus, со жолти дамки на дршката, може да предизвикаат стомачни тегоби. Agaricus silvicola, дрвената печурка, е нешто повеќе арбореална, со слаб и нежен прстен, и може да се јаде. Agaricus campestris, полската печурка, генерално (но не секогаш) е помала, има розови жабри кога е млада, и исто така може да се јаде. Agaricus bitorquis, пролетниот шампињон, изгледа слично на arvensis и campestris, кои се почести во лето и есен. Agaricus bisporus е најчесто одгледуваната печурка од родот Шампињони.
Распространетост и живеалиште Тој е еден од најголемите бели видови Шампињони во Британија (каде што се појавува во текот на месеците јули-ноември), Западна Азија (Иран) и Северна Америка. Често се наоѓа и во близина на штали, како и во ливади, може да формира исамовилски прстени. Печурката често се наоѓа како расте заедно со коприви (растение кое исто така сака почва богата со хранливи материи). Понекогаш се наоѓа и во близина на смреки.Lincoff, Gary. The Audubon Society Field Guide to North American Mushrooms. Chanticleer Press: New York, 1981.
Оваа печурка се смета за вообичаена и широко распространета и не се води грижа за зачувување.
Јадливост Ова е изборен јадлив вид кој е многу ценет од фармерите со генерации, бидејќи се смета за една од највкусните од сите јадливи габи. И покрај ова, овошните тела на овој и други видови шампињон со жолта боја во себе често имаат акумулирано тешки метали, како што се кадмиум и бакар.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Mushroom-collecting.com - Agaricus arvensis Експерт за печурки - Agaricus arvensis Mykoweb - Agaricus avernsis
Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Габи Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка