Сашо Крстев или Сашко Крстев - роден на 1 ноември 1975 година (46 години) во Неготино е македонски репрезентативен фудбалер во пензија кој последен пат играше за ФК Вардар Неготино. Тој исто така е и најдобар напаѓач - центрафор во историјата на Македонија и има постигнато извонреден фудбалски резултат и кариера.

Животопис Сашко Крстев е роден во Неготино. Тој има 4 години помлад брат, Миле Крстев кој е исто така фудбалер (пензиониран). Во 1998 година се оженил со својата сопруга Снежана со која имаат две деца: Елена и Ване.

Своите фудбалски почетоци ги бележи уште во своите млади години. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути.

Фудбалска Кариера Крстев ја започнал својата кариера во ФК Вардар Неготино на 14 годишна возраст и како талентиран фудбалер во 1994 година преминува во прволигашот ФК Победа - Прилеп и го потпишува својот прв професионален договор. Во 1996 година го прави својот прв интернационален трансфер во Атинаикос од Атина, Република Грција. Таму останува една година.

Следните три сезони, 1997-2000 година најдобрата понуда за неговиот талент му ја понудил најдобриот тим ФК Вардар - Скопје каде што пред 18.000 гледачи на 24.05.1998 година, со головите постигнати на Сашко Крстев и Николче Здравески за триумф над Слога Југомагнат од 2:0, Вардар стигна до четвртиот куп трофеј во својата историја. Крстев е победник на купот на Македонија со ФК Вардар. Исто така, во 1999 година го освоиле вториот Куп на Македонија.На пријателскиот натпревар ОФК Топличанин - Вардар (0:3), по повод 80-от роденден на домаќинот, одигран 1999 година на Градскиот стадион во Прокупље (Србија), стрелец на голот за Вардар бил Крстев, а со него и Петрески и Трајчов. На натпреварот со Пелистер (3:2) од 1. МФЛ, одигран на 21.11.1999 година на Градскиот стадион во Скопје, во неизвесен натпревар полн со пресврти, црвено-црните стигнале до победа со помош на головите на Крстев, Петрески и Шаќири. Крстев заедно со својот тим Вардар во натпреварувачката сезона 1999/2000 (пролетен дел) имаат учествувано и на традиционалниот меѓународен турнир „НОРЧИЈА КУП“ во Италија. Со овој клуб биле одиграни натпревари со различни клубови како што се: Легија од Варшава, Спартак од Трнава и други во европските купови.

Следните сезони 2000-2005 година се враќа во својот клуб ФК Победа во Прилеп каде што покажал дека се работи за напаѓач од најголемата класа. Како поминувало времето, тој во својот клуб уште повеќе го развивал својот неприкосновен талент кој што целото свое срце го оставал на терен. Тој го носел дресот со број 18. За пет години поминати во ФК Победа - Прилеп успеал да постигне многу значајни погодоци.

Спектакалот од 14 септември 2000 година во Скопје, ПОБЕДА (Македонија) - ПАРМА (Италија) 0-2 (0-1), прв меч од прво коло Куп на УЕФА кога се гинело на терен и се пишувала историја за македонскиот фудбал, можеби најголем во историјата на прилепскиот фудбал, а сигурно и меч од кој се извлекло најголем профит. Биле продадени рекорден број влезници,  над десет илјади на јужната трибина по цена од 300 денари. Печалба имало и од поевтините билети по 250 денари за Север, така што клупската каса се збогатила за над 100 илјади германски марки. Победа зела повеќепати по толку пари од ТВ-правата, како и од учеството во четири натпревари од Купот УЕФА. Мечот со Парма бил убедливо најпрофитабилниот. Го следеле близу 15 илјади гледачи од цела Македонија. Победа се претставила со Тенев- Николаевски, Б. Нацев, Ќумбев (81. Мегленски) Диниќ (53. Г. Тодоровски), П. Ристовски - Каранфилоски, Жилсон, Т. Наумоски, Н. Здравески - С. Крстев (64. Стојчевски), а тренел бил Никола Илиевски - Џиџи. Во тој период Крстев во своето играње во ФК Победа си добил прекар „легендата на Прилепска Победа„. Во 2001-2002 година Победа за прв пат во својата историја го освојува Купот на Македонија. Во Струмица е победена екипата на Цементарница 55 од Скопје со резултат 3:1 за Победа. Крстев како капитен на екипата го подигнал пехарот. Во 2003-2004 исто така Победа ја освоила својата прва шампионска титула- Првак на Македонија.

Во сезоните 06/07/08 голем удел Крстев имал и во клубовите Влазрими - Кичево, Ренова - Џепчиште и Милано - Куманово каде што постигнал вкупно 6 гола.

Крстев во 2007 година една сезона има играно и во фудбалскиот клуб Госк Габела во Чапљина, Босна и Херцеговина каде што постигнал одлични резулати како и за клубот, така и за самиот себе.

Крстев ја завршува својата кариера во родниот град, во клубот ФК Вардар Неготино во сезоната 2008/2009 година. +Стандардна статистика: Меѓународни купови СезонаВозрастКлубКонкуренцијаФиниш на тимот во конкуренцијаОдиграни натпревариМинути902000-200124ФК ПобедаУЕФА КУПРД121551.71 Сезона1 Клуб1 Лига21551.7

Репрезентативна кариера мини|Дрес на Македонската репрезентација на мечот Македонија - Словачка Своето сениорско деби за А - Репрезентација на Македонија го имал во квалификацискиот натпревар за Светското првенство на ФИФА во март 2001 година на гости против Шведска и има заработено вкупно 16 натпревари. Крстев исто така бил во составот на А - Репрезентација против Турција, Словачка, Азербејџан, Молдавија. Во 2005 година на турнир со Парагвај, Иран и Того Репрезентацијата на Македонија го освојува второто место. Неговиот последен интернационален натпревар бил пријателскиот натпревар во ноември 2005 година против Иран.

+Време на игра: Меѓународни куповиСезонаВозрастКлубКонкуренцијаФиниш на тимот во конкуренцијаОдиграни натпревариМинутиминути по одигран натпревар90Започнувакомплетни одиграни натпревари2000-200124ФК ПобедаУЕФА КУПРД12155781.7211 Сезона1 Клуб1 Лига2155781.721

Тимови

1994-1996 Победа Прилеп 1996-1997 Атенаикос Атина 1997-2000 Вардар Скопје 2000-2005 Победа Прилеп 2006 Влазрими Кичево 2007 Ренова Џепчиште 2007 Госк Габела Босна и Херцеговина 2008 Милано Куманово 2009 Вардар Неготино

Почести и награди

ФК Вардар Куп на Македонија : Победник (2): 1997–98, 1998–99 ФК Победа Македонска прва лига: Победник (1): 2003–04 Куп на Македонија: Победник (1): 2001–02

Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК Милано Категорија:Фудбалери на ФК Ренова Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери од Неготино Категорија:Родени во 1975 година