Дрвото на животот, Фриз Стокле () ― слика на австрискиот симболистички сликар Густав Климт. Завршена била во 1909 година и е заснована на современиот стил (југендстил) во симболичен сликарски жанр. Димензиите на сликата се 195 на 102 см, и се наоѓа во Музејот за применета уметност, Виена, Австрија.Austrian Museum of Applied Arts

Сликата е студија за серијал од три мозаици создадени од Климт за нарачан труд од 1905-1911 година во Стоклевиот дворец во Брисел, Белгија. Мозаиците биле создадени во периодот на доцните дела на уметникот и прикажуваат вртливи дрвја на животот, стоечка женска фигура и преграткана двојка. Мозаиците се распослани преку три ѕида од трпезаријата на Дворецот, заедно со два фигурални делови поставени еден спроти друг.

Иконската слика подоцна ја вдахнала надворешната фасада на „Новата резиденцијална сала“ (исто така наречена „Куќа на дрво“), шарена студентска резиденцијална сала од 21 кат на колеџот за уметност и дизајн во Бостон, Масачусетс.

Поврзано

Дрво на животот Фриз Стокле

Наводи

Категорија:Слики од Густав Климт Категорија:Уметнички слики од 1909 година Категорија:Уметнички слики во Виена