Девици () ― слика на австрискиот сликар Густав Климт, насликана во 1913 година. Во моментов е чувана во Националната галерија во Прага, Чешка.
Опис Изобилството на цвеќиња на сликата ја симболизира еволуцијата кон женственоста. Сликата прикажува седум жени кои се испреплетуваат. Секоја жена претставува одредена животна фаза. Сликата допира различни теми од човечкиот живот, како што се љубовта, сексуалноста и регенерацијата кои се прикажани во цикличен облик.
Надворешни врски
WikiArt.org
Наводи
Категорија:Слики од Густав Климт Категорија:Уметнички слики од 1913 година Категорија:Жени во уметноста