Градиште или Кутлиња — археолошко наоѓалиште во охридското село Мраморец, Општина Дебрца. Претставува збег (утврдена населба) и доцната антика.
Кутлиња (Кутлиње) е доминантен рид што се издига на околу 2 км југозападно од селото. Врвот му е зарамнет, а околу него се забележуваат остатоци од тврдински ѕид. Под врвот се простира зарамнета површина со две плитки котлинки една до друга, во правец југоисток-северозапад. По површината се забележуваат фрагменти од градбена и садова керамика.
Поврзано Мрамор — некропола од средниот век Рупи — топилница од доцноантичко време
Наводи