Зграда на Бугарскиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола. Се наоѓа на улица „Јорго Османо“ бр.20, на раскрсницата со улица „Славко Лумбарко“.
Историја Изградена била во почетокот на дваесеттиот век и до 1915 година во неа бил сместен Бугарскиот конзулат во градот.
Архитектура Зградата е типичен претставник на еклектичката архитектура од почетокот на дваесеттиот век. Влијанија на неокласичната архитектура има во поделбата на фасадата, распоредувањето на отворите и профилирањето околу нив.
Наводи
Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола