Локма (или локумадес, или медени крофнички) — печива направени од потквасено тесто кое се пржи целосно потопено во масло, а потоа се потопува во сируп или мед. Понекогаш се поросува со цимет или други состојки. Јадењето е опишано уште во 13 век од ал-Багдади како лукмат ал-кади (арапски: ), а се преведува како „залак на судијата“.Charles Perry, A Baghdad Cookery Book, 2006.

Историја Рецептот за Лукмат ал-Кади, датира од раниот среден век и од Абасидскиот Калифат од 13 век, и се споменува во неколку книги за готвење од тоа време. Тестото се пржи во масло и потоа се потопува во мед или шербет со розова вода. Се споменува и во Илјада и една ноќ, во приказната Амалот и трите багдадски дами. Ибн Батута (арапски патописец и истражувач) го опишува ова јадење како Лукајмат ал-Кади, а го вкусил на вечера во Мултан, за време на неговите патувања во средновековна Индија, при што домаќините го нарекувале ал-Хашими.

Подготовка мини| Турски локма Измир, Турција Тестото прво се потквасува и му се додаваат другите состојки (една кафена лажичка шеќер, една кафена лажица мед, половина кафена лажица сол), и се остава да скисне и да се крене околу половина час. Откако тестото ќе стаса, се формираат мали топчиња кои се пржат во загреано масло. Испржените локми се ставаат на плех и се преливаат со шербет. Може да се прелијат и со мед, шеќер во прав, цимет или мелени ореви. Се служат по неколку часа, откако ќе го впијат шербетот.

Традиционално, тестото се потквасувало со квасец, но денешните варијации понекогаш користат прашок за печиво.

Поврзано Крофни Болињо де чува Кемал Паша десерт Солена Локма

Наводи

Категорија:Босанска кујна Категорија:Левантска кујна Категорија:Арапска кујна Категорија:Египетска кујна Категорија:Крофни Категорија:Израелска кујна Категорија:Турски десерти