Арапската салата ― која било од различните јадења одсалати кои се дел од арапската кујна. Комбинирајќи многу различни овошја и зачини, а често се служат како дел од мезето, арапските салати ги вклучуваат оние од Алжир и Тунис како што се „алжирската салата“ (салата џазаирија) и „Салатата со црни маслинки и портокали“ (салатат зајтон) и од Тунис салатата машвија која е салата на скара направена од пиперки, домати, лук и кромид со маслинки и туна одозгора, оние од Сирија и Либан, како што се салата од артичока (салатаф куршоф) и салата од цвекло (салата шамандар), и оние од Палестина и Јордан.Salloum et al., 1997, p. 56-58. Други познати арапски салати што се јадат низ арапскиот свет вклучуваат фатуш и табули.Shulman, 2007, p. 128.Wright, 2001, p. 251.

Рецептот за една арапска салата во списанието „Woman's Day“ вклучува домат, краставица и кромид исечкан на коцки.Women's Day Magazine: Arabic Salad Често помешана со магдонос и комбинирана со сок од свежо исцеден лимон и маслиново масло, арапската салата не содржи зелена салата. Сите зеленчуци освен кромидот се оставаат неизлупени, а салатата треба веднаш да се послужи. Други варијации вклучуваат служење со пржени кришки од пита или додавање сумак во преливот со лимон и масло.Recipes from Bahrain and the Rest of the Middle East Меѓу Палестинците, оваа арапска салата е позната како салата ал-бундура („салата од домати“) и познато е служена заедно со јадења со ориз.Arabic Salad RecipeFarsoun, 2004, p. 138.

Слични салати во Блискиот Исток се персиската салата ширази и турската чобан (овчарска) салата.

Поврзано

Список на арапски салати Список на предјадења

Наводи

Библиографија

Категорија:Левантска кујна Категорија:Средоземна кујна Категорија:Арапска кујна Категорија:Палестинска кујна Категорија:Предјадења Категорија:Ирачка кујна Категорија:Сириска кујна Категорија:Јорданска кујна Категорија:Јадења од зеленчук Категорија:Салати Категорија:Либанска кујна