Ореово — археолошко наоѓалиште кај виничкото село Лески. Претставува населба и некропола од римско време.
На 2 км југоисточно од селото, од левата страна на селскиот пат Лески - Зрновци, во подножјето на Плачковица, на површина од околу 12 хектари се среќава множество фрагменти од керамички садови, а од градежен материјал покривни ќерамиди, тули и кршен камен. Најдена е згура од топени метали, како и повеќе монети кои не се зачувани.
На источната страна на наоѓалиштето се пронајдени неколку гробови со камени конструкции, а на околу 500 м југозападно од него, при каптирањето на изворите за современиот водовод е откриен дел од инсталациите на стариот римски водовод.
Поврзано Св. Атанас — населба од римско време Свети Јован Опсеча — црква од средниот век
Наводи