Свети Архангел Михаил, попозната како Горна црква – црква во селото Старавина.

Местоположба Црквата се наоѓа на влезот на селото, непосредно од десната страна на патот.

Историја Според кажувањата на месното население, црквата била градена од страна на српската власт по Првата светска војна со намера нејзиниот подрум да послужи како костурница за загинатите српски војници во овој дел од Македонскиот фронт. Меѓутоа, црквата никогаш не била довршена затоа што не била прифатена од месното население.„Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.

Архитектура Градбата на црквата денес е откриена и запуштена. Таа има правоаголна основа со голема полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна. На јужната страна има три слепи ниши, а една слепа ниша има и на апсидата. Објектот е граден од камен.

Во непосредна близина на црквата се видливи бункери како остатоци од фронтовската линија којашто се протегала низ селото за време на Првата светска војна.

Галерија

Поврзано Старавински манастир Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара) Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина Старавина Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Старавина Старавина