Територијата на Коралноморски Острови е надворешна територија на Австралија составена од група мали и претежно ненаселени тропски острови и гребени во Коралното Море. Се наоѓаат североисточно од Квинсленд, Австралија. Населен е само островот Вилис. Територијата има површина од 780.000 км2, од што најголемиот дел е океан. Територијата се протега источно и јужно од надворешниот раб на Големиот корален гребен и ги вклучува островот Хералдс Бикон, Оспреј гребенот, Групата на острови Вилис и петнаесет други гребени и островски групи. На Гребенот Като е највисоката кота на територијата. мини|400x400пкс| Корална градина Акропора со џиновска мида. Коралноморските Острови
Историја и статус Коралноморските Острови биле мапирани за прв пат во 1803 година. Кон крајот на деветнаесетиот век од островите се ископувал гвано, но недостигот на пивка вода оневозможило населување.Geoscience Australia. Coral Sea Islands Коралноморските Острови се сметаат за австралиска надворешна територија од 1969 година по донесување на Законот за Коралноморските Острови (пред тоа биле дел од Квинсленд), а територијата им се проширила во 1997 година со вклучување на гребените Елизабет и Мидлтон кои се скоро 800 км јужно од останатите острови.
Островите и гребените од Големиот корален гребен не се дел од оваа територија, и му припаѓаат на Квинсленд. Надворешниот раб на Големиот корален гребен е граница меѓу Квинсленд и територијата Коралноморските Острови.
Територијата ѝ припаѓа на Австралија, управувана од Министерството за инфраструктура, транспорт, регионален развој и градови во Канбера. Претходно, била управувана од Министерството за правда и судови и Министерството за транспорт и регионални услуги). За одбраната се грижи Австралија, а територијата често е посетувана од Австралиската Кралска Морнарица.
На многу острови Австралија има поставено автоматски метеоролошки станици, а има и 200 наутички милји (370 км) ексклузивна рибарска зона. Нема економски активности (освен риболов и нуркање, кои не се квантифицирани), и има три-четири лица на островот Вилис (Јужно островче) кои раководат со метеоролошката станица, поставена во 1921 г.http://www.aph.gov.au/~/media/wopapub/house/committee/pwc/willisisland/subs/sub1_pdf.ashx
Географија десно|мини|320x320пкс| Карта на територијата на Коралноморските Острови Има околу 30 засебни гребени и атоли, од кои дванаесет се целосно потопени за време на плима, а останатите 18 имаат 51 островче (од кои 18 се на атолскиот гребен Лихоу). На некои има вегетација. Величината на атолите е различна, од неколку километри во пречник до вториот најголем по површина (вклучувајќи ја и лагуната) атол во светот - Гребенот Лихоу, со големина на лагуната од 100 на 30 км и површина од 2500 км2. Сите острови се многу ниски.
На Вилис Островите се гнездат птици и желки, но природните ресурси кои ги содржат се занемарливи. Опфаќаат помалку од 3 км2 копно. Нема пристаниште, а бродовите можат само да се укотвуваат во близина.
Повеќето атоли се делат во две групи: Северозападна и Североисточна Група, гребенот Мелиш на исток и гребените Мидлтон и Елизабет на југ се групирани одделно.
Поврзано
Список на острови во Австралија
Наводи
Категорија:Држави и територии настанати во 1969 година Категорија:Острови на Австралија Острови Категорија:Сојузни држави и територии на Австралија Категорија:Атоли во Тихиот Океан Категорија:Зависни територии во Океанија