Кале — археолошко наоѓалиште кај струшкото село Буринец. Претставува утврдена населба од железното време и средниот век.
На околу 7 км северно од селото Локов и на околу 3 км југоисточно од селото Буринец, на левата страна од патот Буринец - Локов, на висок рид со доминантна местоположба се наоѓаат темели од тврдина градени од обработени камени блокови и варов малтер. Градиштето зафаќа простор од 200 × 80 м. На источниот дел од тврдината, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови од железното време. Во изворот наоѓалиштето погрешно се води во с. Селци.
Поврзано Бурлица — населба од доцниот среден век Црквиште — сакрален објект од средниот век век
Наводи