Могила — археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува населба и могила од римското време. На 2 км северозападно од селското училиште, на десната страна од стариот пат Кочани-Делчево, на површина од околу 150x100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди. Во непосредната близина се наоѓа оштетена могила со пречник во основата од 25 м и височина од 4-5 м.
Поврзано Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време; Вршник — могила од римското време; Градиште 1 — некропола и тумули од железното време; Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време; Ѓафурски Лозја — населба од римското време; Кршлански Гумења — некропола од железното време; Русалски Гробишта — некропола од железното време; Сушица — населба и некропола од римското време; Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време. Виничка Кршла Список на средновековни некрополи во Македонија
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Виница Категорија:Виничка Кршла