Градиште — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Орел. Претставува утврдена населба од железното време.

Се наоѓа на 500 м северно од селото, на левиот брег на реката Мавровица. Претставува голема височинка со зарамнето плато од 100 × 100 м површина, на кое има грамади од градежен материјал и фрагменти од керамички садови.

Поврзано Долни Ливади — могила од римското време Ѕидини — могила од римското време Лиманова Корија — некропола од железното време

Наводи