Андерс Ерик Берг Јохансон (30 декември 1988) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец или одбранбен играч. Започнувајќи ја својата кариера во Фалкенбергс во 2008 година, тој продолжил подоцна да ги претставува тимовите на ГАИС, Малме,белгиски Гент и дански Копенхаген пред да се пензионира во тимот на Ѓургарденс во 2021 година. Како интернационалец помеѓу 2014 и 2016 година, тој одиграл 12 натпревари за репрезентацијата на Шведска и играл на УЕФА ЕВРО 2016 година. (Европско првенство во фудбал)
Клупска кариера Фалкенберг Берг ја започнал својата кариера во тимот од Суперетан лигата во клубот Фалкенбергс ФФ во 2008 година кога бил промовиран да настапува во првиот тим. Тој бил честа замена во неговата прва сезона во клубот, но имал и натпревари кој ги започнал како стартен играч. Тоа биле вкупно 10 натпревари од 23 одиграни. Во сезоната 2009, Берг се промовирал како редовен во стартната екипа бидејќи одиграл 27 натпревари од вкупно 30. Исто така постигнал 4 гола во сезоната 2009 додека играл како играч од средниот ред. Неговата залиха на голови се зголемила на 7 во сезоната 2010 кога одиграл 27 натпревари за тимот на Фалкенберг. Во сезоната 2011 Берг успеал да одигра 21 натпревар и да постигне вкупно 6 гола пред да премине да игра во Алсвенскан лигата за клубот ГАИС.
ГАИС Берг преминал во тимот ГАИС на 1 септември 2011 година. ГАИС како тим одлучил тој да игра на позицијата дефанзивец наместо како играч од средниот ред. Во својата прва сезона во ГАИС и во Алсвенскан одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол. Во сезоната 2012 одиграл 27 натпревари од вкупно 30 и постигнал 4 гола. ГАИС во таа сезона испаднале од првата лига и минале во втората лига или Суперетан на крајот од сезоната. Берг бил избран за играч на годината во тимот на ГАИС во 2012 година.
Малме ФФ На 12 декември 2012 година, Берг бил претставен како играч на Малме. Тој му се приклучил на клубот на 1 јануари 2013 година кога и се отворил трансфер системот во Шведска. Берг потпишал четиригодишен договор кој траел до крајот на сезоната 2016. Во текот на неговата дебитантска сезона во клубот Берг одиграл 17 натпревари во лигата, и играл на местото на Филип Хеландер бидејќи се повредил. Берг постигнал два гола на три натпревари за клубот за време на групната фаза на Свенска Куп 2012-13 (шведски фудбалски куп) пред почетокот на лигашката сезона. Восезоната 2014 Берг одиграл значително повеќе натпревари бидејќи редовниот Понтус Јансон бил заминат во друг клуб. Берг одиграл 25 натревари во лигата и десет натпревари во УЕФА Лигата на шампионите, од кои пет натпревари биле во групната фаза. За своите настапи во лигата Берг бил номиниран за наградата Алсвенскан одбранбен играч на годината.
Гент На 9 јули 2015 година, Берг го напуштил шведскиот фудбал за прв пат бидејќи се согласил да се приклучи на Белгиската Про Лига во клубот Гент за време од 4 години. Во новиот клуб нему му бил доделен дресот со број 5. Својот прв натпревар за тимот на Гент го одиграл на 31 јули 2015 година во победата од 1:0 на домашен терен против тимот на Генк. Берг продолжил уште на осум натпревари за Гент, и тоа сите во лигата, пред конечно и дефинитивно да го напушти клубот во јануари 2016 година.
Копенхаген На 18 јануари 2016 година, Берг потпишал за данскиот суперлигаш Копенхаген за сума која никогаш не била јавно презентирана. Тој потпишал договор до 2020 година и го носел дресот со број пет.
Ѓургарден ИФ и неговото пензионирање На 26 јуни 2018 година, Берг бил претставен од страна на Алсвескан Ѓургарден за необјавена и тајна цена за која се шпекулирала дека е во опсег од 8 до 9 милиони СЕК (шведски круни). Тој потпишал четири и половина годишен договор со кој ќе останел во клубот од Стокхолм до 2022 година каде ќе го носи дресот со број 21. Во 2019 година му помогнал на клубот да ја освои титулата во Алсвенскан лигата.
На 11 јуни 2021 година, Берг го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал по неколку сезони во кои го мачеле повредите.
Меѓународна кариера Берг првиот свој настап за Шведска го имал во 2014 година. Бил избран да настапува на ЕВРО 2016 каде играл на сите три натпревари пред Шведска да биде елиминирана во групната фаза. Берг се повлекол од државната репрезентација по турнирот на 27-годишна возраст, откако одиграл вкупно 12 меѓународни натпревари.
Приватен живот Берг е во брак со телевизиската водителка Карина Берг . Тој го променил своето презиме Јохансон со презимето на неговата сопруга во 2019 година, откако се венчал и стапил во брак.
За разлика од другите фудбалери, тој ја има необичната особина да е тотално незаинтересиран за гледање на фудбал. Секогаш ги гледал игрите на телевизија или на снимка само кога требало да се подготвува за претстојните натпревари.
Статистика на кариерата
Клупска статистика
Од 2 ноември 2019 година.
КлубСезонаЛига, одиграни натпревари и постинати головиНатпревари во купКонтинтални или Европски натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиФалкенберг ФФ2008Суперетан втора шведска лига230——2302009Суперетан274——2742010Суперетан27710—2872011Суперетан21631—247Вкупно981741—10218ГАИС2011Алсвескан прва шведска лига7100—712012Алсвенскан27410—284Вкупно34510—355Малме ФФ2013Алсвенскан17022502422014Алсвенскан250501004002015Алсвенскан1324000172Вкупно552112150814Гент2015–16Белгиска про лига90000090Вкупно90000090Копенхаген2015–16Данска Супер лига13030001602016–17Данска Супер лига281301504612017–18Данска Супер лига1120040152Вкупно52360190773Ѓургарден ИФ2018Алсвенскан11000201302019Алсвенскан11200—1122020Алсвенскан2130010223Вкупно4350030465Вкупна кариера2913222337035035
Меѓународни натпревари Настапи и голови во репрезентацијата по години Репрезентација Година Натпревари Голови Шведска 2014 година 1 0 2015 година 7 0 2016 година 4 0 Вкупно 12 0
Наводи
Надворешни врски Профил (на шведски)
Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Луѓе од Фалкенберг Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на ФК Копенхаген