мини|Матиас Конча игра за Малме ФФ во 2013 година Ернан Матијас Арсенио Конча (31 март 1980) бил поранешен професионален шведски фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец или одбранбен играч. Тој ја започнал својата кариера во тимот Малме ФФ, а потоа настапувал за Ѓургарден ИФ и германскиот ВфЛ Бохум пред да се врати во ФФ Малме во 2012 година.

За репрезентацијата на Шведска одиграл вкупно 8 натпревари.

Клупска кариера

Репрезентацијата на Шведска Конча е роден во градот Малме, каде што ја започнал својата кариера во младинскиот тим Куладал ФФ, а подоцна потпишал за фудбалскиот гигант од неговиот град за тимот на Малме ФФ. Во 2004 година, се преселил во Стокхолм односно во тимот на Ѓургарден ИФ, откако добивал се помалку минутажа во тимот ФФ Малме. Тој брзо се наметнал како стартер во екипата на Ѓургарден и бил дел од тимот кој го освоил првенството во 2005 година, како и победник во шведскиот куп и тоа во 2004 и 2005 година. Одиграл 76 натпревари, а постигнал два гола во тимот на Ѓургарден ИФ.

ВфЛ Бохум На 20 јуни 2007 година, било објавено дека Конча ќе му се приклучи на германскиот фудбалски клуб ВфЛ Бохум и тоа за сезоната 2007–08. Тој потпишал четиригодишен договор со тимот кој завршил на осмото место во претходната сезона. Конча го напуштил тимот на Бохум по сезоната 2011-12.

Малме ФФ На 30 јули 2012 година, ФФ Малме објавил дека потпишале договор со Конча на две и пол години. Тој кога се вратил продолжил да игра со дресот број 23, симболизирајќи ги неговите години кога за првпат го напуштил тимот на Малме. Конча по враќањето го одиграл својот прв натпревар за клубот на 16 август 2012 година и тоа вкупно 64 минути во пријателскиот натпревар против италијанскиот клуб од Рим, Лацио. Во сезоната 2012 одиграл 2 лигашки натпревари за ФФ Малме. Конча подоцна, во сезоната 2013, го земал дресот со број 2. Нему му била дадена голема минутажа на почетокот на сезоната, но по враќањето на Миико Алборноз во тимот Конча го загубил местото во стартните единаесет до крајот на целата сезона. Таа сезона одиграл вкупно седум лигашки натпревари за клубот. Конча и во наредната 2014 година добивал ограничена минутажа во првиот тим. Тогаш одиграл само 8 натпревари во лигашкиот дел и 3 натпревари во натпреварите од Лигата на шампионите на УЕФА 2014-15. Конча ја објавил својата одлука да се повлече од професионалниот фудбал по сезоната 2014, и тоа точно на 30 октомври 2014 година.

Меѓународна кариера Конча го имал својот прв настап за фудбалската репрезентација на Шведска на 23 јануари 2006 година против тимот на Јордан. Забележал два настапа за тимот на Шведска за време на квалификациските натпревари за УЕФА Евро 2008, но на завршниот турнир во Швајцарија и Австрија ниту еднаш не влегол во игра.

Тој го одиграл својот 8-ми, а воедно и последен натпревар за Шведска на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Турција на 6ти февруари 2008 година.

Статистика во кариерата Клупска статистика +Сооднос на одиграни натпревари, постигнати голови по различни клубови, сезони и натпревариКлубСезонаЛигашки натпревариНатпревари од КупКонтинентални натпревари ЕвропскиВкупноНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиМалме ФФ2000190——190200160——602002150——1502003180—40220Вкупно580—40620 Ѓургарден ИФ2004220—502702005230—202502006202—102122007110——110Вкупно762—80842ВлФ Бохум2007–0818020—2002008–0915000—1502009–1021000—2102010–1110000—1002011–121000—10Вкупно65020—670ВлФ Бохум II2009–1010——102011–1210——10Вкупно20——20Малме ФФ20122010—3020137040001102014802030130Вкупно1707030270Вкупна кариера2182901502422

Меѓународна статистика +Настапи и голови во репрезентација на Шведска по година Репрезентација Година Настапи Голови Шведска 2006 година 1 0 2007 година 6 0 2008 година 1 0 Вкупно 8 0

Наводи

 Надворешни врски Матијас Конча ( архива) Малме ФФ профил (на шведски)

Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година