Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Градец, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото средиште на селото Градец, иако поради напуштањето на селото целосно е обрасната со вегетација и скоро невидлива од самиот земјен пат.

Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

Црквата е изградена во средината на XIX век (пред 1860 година).

Архитектура

Црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и повисок средиштен кораб; со нартекс на западната страна и голема полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид, над кој има округли окна. Црквата е вкопана и изградена од обичен камен со калкански покрив.

Фрескоживопис

Живописана е во 1873 година, за што сведочат двата натписа (на грчки и црковнословенски) на насликаниот фрескоживопис на северната страна од надворешниот ѕид со претстава на композицијата „Страшниот суд“, дело на познатиот струмички зограф Григориј Пецанов. Датумот на натписот е 28 август 1873 година, а насликаната површина е долга околу 11 метри и го опфаќа просторот од левата и десната страна вратата. Фреските се во лоша состојба.

Икони и иконостас

Иконите се насликани во 1869 година од познатиот зограф Исаија Џиков од селото Осој, Дебарско.

Иконостасот, исто така дело на Исаија Џиков, е пренесен во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Удово.

Галерија

Поврзано Градец Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Валандовска парохија

Наводи

Надворешни врски

Градец Категорија:Дела на Дебарската школа