Виктор Себастијан Елм (роден на 13 ноември 1985 година) е поранешен шведски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред.

Најголемиот дел од неговата кариера ја поминал во Калмар со кој ги освоил Купот на Шведска во 2007 година и шведското првенство во 2008 година. Тој, потоа играл и во Холандија за Херенфен и Аз Алкмар. Во 2015 година се вратил во Калмар каде играл уште пет сезони пред да се пензионира.

Во периодот меѓу 2008 и 2011, тој бил репрезентативец на Шведска и одиграл 10 натпревари за земјата.

Виктор е постар брат на Расмус Елм и помлад брат на Давид Елм, и двајцата поранешни фудбалери.

Клупска кариера Фалкенберг Елм одиграл вкупно 28 натпревари за клубот Фалкенберг и постигнал 8 гола во 28 натпревари во сезоната 2005 година.

Калмар Елм му се приклучил на Калмар од Фалкенберг пред почетокот на сезоната 2006, каде што играл веќе неговиот помлад брат Расмус, а на крајот на сезоната во клубот дошол и нивниот најстар брат исто така од Фалкенберг. На 9 април 2007 година, тие биле вкупно само второто трио браќа кои биле играчи на еден исти тим во Алсвенскан лигата. Во таа насока рекордот го држеле браќата Нордал кои биле вкупно 5 на број.

Виктор и неговите браќа одиграле голема улога во вториот дел од сезоната 2007 што довело до тоа Калмар да го израмни својот најдобар резултат во Алсвенскан уште од далечната 1985 година. Калмар на крајот од сезоната завршиле како втори на табелата. Исто така, клубот го освоил Купот на Шведска, и тоа првпат по 1987 година.

Во сезоната 2008, Елм бил уште поискусен за освојување на титулата во првата лига постигнувајќи 15 гола, вклучувајќи и четири голови во последниот домашен натпревар за делотворно да ја освои титулата и воедно да ја освои наградата „Најдобар шведски играч од средниот ред на годината“. Во натпреварите на Купот на УЕФА тимот на Калмар, го победил холандскиот гигант Фејенорд. На овој натпревар Елм го постигнал победничкиот гол за својот тим, а тоа бил првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА 2008-2009.

На крајот на сезоната 2008, договорот на Елм истекол и тој станал слободен играч. За Калмар одиграл 79 натпревари и постигнал 24 голови.

Херенфен Елм потпишал за холандскиот клуб Херенфен во текот на есента 2008 година, приклучувајќи му се на клубот во јануари 2009 година. Своите први два гола за клубот ги постигнал против Фејенорд во четвртото коло од Купот на Холандија 2008–2009.

Неговиот прв гол пак во Ередивиси, првата холандска лига го постигнал на 8 февруари 2009 година, во натпревар против НАК Бреда.

По сезоната 2012, Елм останал без договор со Херенфен и по 102 настапи и 15 гола во првата холандска лига одлучил дека е време за нов предизвик.

АЗ Алкмар Во јуни 2012 година, Елм потпишал четиригодишен договор со Аз Алкмар, соединувајќи се со неговиот брат Расмус за првпат после Калмар. 

Својот прв натпревар го имал во ремито од 2-2 против Ајакс на 12 август 2012 година. Својот прв хет-трик го постигнал на 27 септември во победата во Купот на Холандија со 4-1 над Фолендам. На 30 септември, тој го постигнал својот прв првенствен гол во ремито 3-3 против РКЦ Валвајк. Елм бил капитен на тимот на АЗ за првпат во натпреварот против ВВВ Венло на 25 јануари 2013 година (победа од 4-1), бидејќи Мартен Мартенс тогаш бил повреден, а Ник Виргевер бил суспендиран. Елм постигнал 5 гола во Купот на Холандија во сезоната во која Аз Алкмар го освоил пехарот во купот по 4-ти пат во нивната клупска историја.

Во сезоната 2013-2014, Елм одиграл вкупно 49 од можни 58 натпревари, вклучително и 11 на патот до полуфиналето во Лига Европа. Исто така, постигнал 3 гола во Ередивиси.

Враќање во Калмар На 30 март 2015 година, Елм се вратил во неговиот поранешен клуб Калмар. Таму повторно се соединил со своите двајца браќа Давид и Расмус.Update: AZ bevestigt vertrek van middenvelder naar vaderland Zweden (Dutch). Voetbalprimeur. 30 March 2015.

Тој го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал на 16 декември 2020 година.

Репрезентативна кариера Елм го одиграл својот прв натпревар за шведската репрезентација, во пријателски натпревар против САД на 19 јануари 2008 година, а својот прв натпревар во квалификациите за Светското првенство 2010 го имал на 6 јуни 2009 година, во поразот со 0-1 од . На овој натпревар Елм влегол како замена на местото на Даниел Андерсон во 68-мата минута.

Статистика во кариерата Лигашки и клупски натпревари по сезониЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинетални ЕвропскиДругиВкупноСезонаКлубЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиШведскаЛигаСвенска КупЕвропскиДругиВкупно2004Фалкенберг ффСуперетан втора лига4000402005288002882006Калмар ффАлсвенскан2454061346200724440284200830155351104119ХоландијаЛигаКНВБ КупЕвропскиДругиВкупно2008–09ХеренфенЕредивизија прва лига на Холандија124441682009–10ХеренфенЕредивизија прва лига на Холандија2852261103782010–11ХеренфенЕредивизија прва лига на Холандија17311184ВкупноШведска110321331121013537Холандија57127761107120Вкупно во кариера1604120101732019954

Наводи

 Надворешни врски

Виктор Елм на soccerway Виктор Елм на transfermarkt Виктор Елм на espn Виктор Елм на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Аз Алкмар Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе