200px|thumb|Храмот Вознесение Господово, седиште на Трновската патријаршија

Трновска патријаршија () е името на независната Бугарска православна црква во периодот од 1235–1393.

Историја Откако браќата Иван Асен I и Петар IV го обновиле Бугарското царство во 1185 година презеле чекори за обновување на автокефалната бугарска црква.Bulgarian Orthodox Church Како резултат на успешното востание во 1185/1186, биле поставени темелите на Второто Бугарско Царство со седиште во Трново. Следејќи го принципот на Борис I дека суверенитетот на државата е нераскинливо поврзан со автокефалноста на Црквата, двајцата браќа веднаш презеле чекори за обновување на Бугарската патријаршија. Најпрво тие основале независна архиепископија во Трново во 1186. Борбата за признавање на архиепископијата според канонскиот ред и издигнување на ранг на патријаршија траела речиси 50 години.

Прв трновски патријарх бил Јоаким I.bg-patriarshia.bg Последен патријарх кој престојувал во Трново бил Евтимиј Трновски кој бил испратен во егзил од Османлиите откако го зазеле градот во 1393 година.

Трновски патријарси Титула Примат Години СедиштеТрновски патријарх (1235–1393) Патријарх Свети Јоаким I 1235–1246 Трново Патријарх Висарион 1246 Трново Патријарх Василиј II 1246– 1254 Трново Патријарх Василиј III 1254–1263 Трново Патријарх Јоаким II 1263–1272 Трново Патријарх Игнатиј 1272–1277 Трново Патријарх Свети Макариј 1277–1284 Трново Патријарх Јоаким III 1284–1300 Трново Патријарх Доротеј 1300– 1315 Трново Патријарх Роман 1315– 1325 Трново Патријарх Теодосиј I 1325–1337 Трново Патријарх Јоаникиј I 1337– 1340 Трново Патријарх Симеон 1341–1348 Трново Патријарх Теодосиј II 1348–1363 Трново Патријарх Јоаникиј II 1363–1375 Трново Патријарх Свети Евтимиј 1375–1393 Трново

Наводи

Категорија:Второ Бугарско Царство