Џорџ Бас (30 јануари 1771 — по 5 февруари 1803) — британски поморски хирург и истражувач на Австралија.

Биографија Џорџ Бас е роден на 30 јануари 1771 година во Асварби, селце во близина на Слифорд (Линколншир),Bishop's transcripts for Aswardby, 1561–1830 Church of England. Parish Church of Aswardby (Lincolnshire) како син на земјоделец.Estensen, Miriam. The Life of George Bass: Surgeon and Sailor of the Enlightenment, page 1. Published by Allen & Unwin, 2005. . Неговиот татко починал во 1777 година кога Бас имал 6 години. Своето образование го стекнал во Бостон (Линколншир). На 18-годишна возраст, се запишал на Кралскиот колеџ на хирурзи во Лондон, а во 1794 година се приклучил на Кралската морнарица како хирург.

На 7 септември 1795 година пристигнал во Сиднеј (Нов Јужен Велс).

На истото патувањето биле и Метју Флиндерс, Џон Хантер, Бенелонг и помошникот на неговиот хирург Вилијам Мартин.

Патувањата со Палчето Том и Палчето Том II Кога стигнал во Австралија, Џорџ Бас со себе донел бротче (2,4 метри во должина) кој го викал Палчето Том поради големината. Во октомври 1795 година, Бас и Флиндерс, придружувани од Вилијам Мартин, испловиле со Палчето Том од Порт Џексон до Ботаничкиот Залив и ја истражувале реката Џорџес. По враќањето и поднесените извештаи таму се направила населба — Банкс Таун.

Во март 1796 година истата група тргнала на второ патување со поголем брод, кој го нарекле Палчето Том II.The Journal of Daniel Paine 1794–1797 page 39 Тие отишле до крајбрежјето до езерото Илавара, а го истражувале и Порт Хакинг.

Истата година Бас открил добра земја во близина на Проспект Хил, го пронашол изгубениот добиток донесен со Првата флота и не успеал да ги премине Сините Планини.

Патување до Западното Пристаниште мини|296x296пкс| Патувањата на Џорџ Бас десно|мини|320x320пкс| Споменик (1912) за „откривањето и именувањето“ на Западното Пристаниште на 4 јануари 1798 година, во Флиндерс, Викторија Во 1797 година со екипаж од шест лица, Бас отпловил до Кејп Хау, најоддалечената точка од Југоисточна Австралија. Оттука, отишол на запад по крајбрежјето на денешниот регион Гипсланд во Викторија, до Западното Пристаниште, речиси до влезот во Порт Филип, на чиј северен брег денес се наоѓа Мелбурн.

Бас ја посетил областа Киама и ја забележал нејзината ботаничка сложеност и неверојатната природна појава — Дупката на Киама, забележувајќи ја вулканската геологија околу Дупката.

Обиколување на Тасманија Во 1798 година Џорџ Бас и Џејмс Флиндерс ја обиколиле Ван Дименовата Земја. При ова патување Бас го посетил естуарот на реката Дервент, која ја пронашол и именувал Џон Хејс во 1793 година, по што во 1803 година на тоа место врз основа на Басовите извештаи ќе биде основан градот Хобарт. Кога се вратиле во Сиднеј, Флиндерс му препорачал на гувернерот Џон Хантер преминот помеѓу Ван Дименовата Земја и копното да се вика Басов Теснец.

Бас бил многу заинтересиран за природата и ботаниката, а некои од своите ботанички откритија му ги препратил на Сер Џозеф Бенкс во Лондон. „Во ова патување од четиринаесет недели собрав неколку растенија од Ван Дименовата Земја што ги немав видено во Нов Јужен Велс“, му напишал на Бенкс; „и се удостоив да Ви ги пратам за испитување“. Џорџ Бас бил почесен член на Друштвото за промоција на историјата на природата, од кое подоцна настанало Линеанско друштво. Тој бил прв што го опишал австралискиот торбар — вомбатот.

Брак На 8 октомври 1800 година,Estensen (2005:133). Џорџ се оженил со Елизабет Вотерхаус во црквата Сент Џејмс во Вестминстер.Ancestry.com. Pallot's Marriage Index for England: 1780–1837 [database on-line]. Provo, UT, USA: The Generations Network, Inc., 2001. Original data: The original paper slip index, from which this database was created, is owned by The Institute of Heraldic and Genealogical Studies, Canterbury, England. Таа била сестра на Хенри Вотерхаус кој бил капетан на бродот со кој Басс отишол во Австралија. Во јануари 1801 година, Бас повторно отпловил за Порт Џексон, оставајќи ја Елизабет во Англија, и иако често се допишувале — тие не се сретнале повторно — затоа што Бас не се вратил од ова патување.

Последното патување Што се случило со Бас е непознато. Тој испловил на патување со бродот Венера на 5 февруари 1803 година и оттогаш нему и на неговиот екипаж им се губи секаква трага. Тој планирал да оди на Тахити, а можеби и во шпанските колонии на чилеанското крајбрежје да купи стока и да ја однесе во Сиднеј.

Откако поминале многу месеци без да се појави, гувернерот Кинг и пријателите од Бас во Сиднеј заклучиле дека го снашла несреќа. Во Англија, во јануари 1806 година, Бас од страна на Адмиралитетот бил заведен како изгубен на море, а на Елизабет почнале да ѝ исплаќаат ануитети од Фондот на вдовиците.

Признание Следниве места го носат името на Џорџ Бас:

Басов автопат (Тасманија) Басов автопат (Викторија) Бас Хил, Нов Јужен Велс Басова точка Басов Теснец Река Бас Бас, Викторија (град) Басов Регион, Тасманија (федерална единица) Басов Регион, Тасманија (државна единица) Бас и Флиндерс Поинт, Кронула, Нов Јужен Велс Џорџ Бас Драјв, Батехавен до аеродромот Моруја , Бејтманс Беј, Нов Јужен Велс Басови Острови (Француска Полинезија)

Поврзано Список на луѓе кои мистериозно исчезнале на море

Наводи

Категорија:Починати во 1803 година Категорија:Родени во 1771 година Категорија:Статии со врски до проектот „Гутенберг“ Категорија:Басов Проток Категорија:Англиски емигранти во колонијална Австралија Категорија:Англиски хидрографи Категорија:Истражувачи на Австралија Категорија:Истражувачи на Тасманија Категорија:Поморско истражување на Австралија Категорија:Исчезнати истражувачи Категорија:Луѓе исчезнати на море