Свети Илија — главна манастирска црква на Драгошкиот манастир во битолското село Драгош, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа југоисточно над селото, на самата граница со Грција. Преку границата е атарот на леринското село Опсирино.

Историја

Била подигната во текот на XIX век.

Во 1903 година, манастирот заедно со црквата биле запалени, па наскоро обновени.

Архитектура

Црквата претставува голем храм со полукружна апсида на исток и отворен трем на останатите три страни. На северозапад има висока куловидна камбанарија која стои одделно.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Драгош

Наводи

Надворешни врски

Драгош Категорија:Драгошки манастир