Св. Никола (или Св. Архангел Михаил) — црква во демирхисарското село Вардино, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во центарот на селото. Претставува еднокорабна градба покриена со црвен трапезоиден свод. Покривот е на две води со ќерамиди. На исток има полукружна апсида со големо окно за осветлување. Фасадите се фугирани. На запад има дограден трем.

Внатре има живопис од XIX век. На таванот од штици е насликан Исус Христос Седржител, на западната страна композицијата „Страшниот суд“, која заедно со претставата на покровителот Свети Никола пострадала при доградбата на тремот.

Поврзано Слепчанска парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво

Наводи

Вардино