Питер де Карпентие ( ; 1586 / 1588 - 1659 ) - петти генерален гувернер на Холандска Источна Индија .

Питер де Карпентие е роден во 1586 година (според други извори - во 1588 година) во Антверпен, набргу откако Републиката на Обединети Провинции на Холандија стекнала независност од Шпанија. Неговиот вујко, Луј Делбек () бил еден од основачите на холандската источноиндиска компанија. Од 1603 студирал филозофија на Лајденскиот Универзитет.

Во 1616 година со бродот Де Хетраухејт (холандски: De Getrouwheid - Верба) отпатувал за Холандска Источна Индија. Во таа колонија, тој тој се наоѓал на голем број важни позиции, меѓу кои и генерален директор за трговија, член на Советот на Индија и член на Советот за одбрана. Од 1 февруари 1623 до 30 септември 1627 година бил генерален гувернер на колонијата. За време на неговото владеење, започнала активната изградба во Батавија, која станала административен центар на Холандска Источна Индија; била изградена управната зграда и неколку цркви, било основано училиште и изградиле сиропиталиште. Исто така, под Карпентие, биле воспоставени трговски односи меѓу колонијата и Цејлон, бил склучен договор со малабарскиот султан.

На 12 ноември 1627 година, Питер де Карпентие со пет трговски брода заминал од Источна Индија на пат за Холандија каде што пристигнал на 3 јуни 1628 година. Во октомври 1629 година бил примен во советот на Холандската источноиндиска компанија.

Петар де Карпентие починал на 5 септември 1659 година во Амстердам и бил погребан во Вестеркерк.

Личен живот На 2 март 1630 година, Питер де Карпентие се оженил со Марија Равевелт ( ) од Миделбург. Во септември 1641 година, неговата сопруга починала и била погребана во Амстердам. Имале седум деца.

Сеќавање Холандските морепловци Јан Карстенсон и Вилем ван Колстерт, заливот на северниот брег на Австралија кој го откриле во 1623 година го нарекле во чест на генералниот гувернер Карпентие - Карпентариски Залив.

Користена литература Западна Австралија: историја од нејзиното откривање до инаугурацијата на Комонвелтот од Ј.С. Бати (1924) Поглавје 1. Голем дел од информациите за оваа статија беа обезбедени од г-дин Јап де Карпентие Волф, потомок на Питер де Карпентие. Изворот на сликата на Питер де Карпентие е „ Генеалогија на семејството Де Карпентие од Холандија од Едвин Жакет Селерс, Ален, Лејн и Скот, САД, Филаделфија 1909 година“. Оригиналната маслена слика на оваа гравура виси во Хаг во една од зградите на владиното срце на Холандија, Биненхоф

Категорија:Починати во Амстердам Категорија:Починати во 1659 година Категорија:Починати на 5 септември Категорија:Родени во 1586 година Категорија:Генерални Гувернери на Холандска Источна Индија Категорија:Луѓе од Антверпен