Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Кореница, Македонија.

Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Кореница. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата е сместена јужно од селото Кореница.

Историја

Изградена е врз темелите на постара црква и осветена е во 1859 година од митрополитот Венедикт Византиски. Според други извори, црквата била подигната во 1921 година, а претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.

Архитектура

Претставува еднокорабна, полукружно засводена градба со полукружна апсида на источната страна, разчленета на пет слепи ниши.

Иконостас

Главна знаменитост во црквата се царските двери од средината XVI век, дело на истакната ликовна работилница која делувала на територијата на Охридската архиепископијата. Други дела на истата работилница се царските двери на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид (денес во Националниот историски музеј во Софија), дверите од „Големи Свети Врачи“ (денес на иконостасот на „Пресв. Богородица Перивлептос“, дверите од неутврдена црква во Охрид (денес во Народниот музеј во Белград), дверите во „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, дверите од „Св. Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Никола“ во Присовјани.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Втора кривогаштанска парохија Кореница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кореница Кореница